УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, го коментираше претстојниот меч со предизвикувачот Тони Фергусон.

Да, Тони е голем борец. Ако ги погледнеме неговите борби и противниците кои ги совладал, тој е вистински борец.

Затоа ми се допаѓа нашиот претстое меч – тоа е вистински предизвик. Некои велат дека може да ме победи и тоа ме тера со нетрпение да го очекувам овој дуел, кога најпосле ќе се истепаме.

Имам намера порано да го „завршам“ Фергусон. Се надевам дека тоа ќе се случи во втората рунда, или најкасно во третата“, изјави Нурмагомедов за CBS Sports.

Овој меч ќе се случи на 18 април во Њујорк.