Мајкл Биспинг на својот подкаст „Верувај ми“ ја извади очната протеза пред телевизискиот аудиториум.

Поранешниот шампион во УФЦ во средна категорија во минатото заработи повреда на десното око со кое веќе не можеше да гледа, а откри дека последните 11 борби во кариерата ги одработил со едно око, криејќи го тоа од спортската комисија.

Во тој период го победи еден од најдобрите во историјата Андерсон Силва и го нокаутира Лук Рокхолд во мечот за титулата на УФЦ. Четириесетгодишниот „Гроф“ последен пат се бореше во ноември 2017 година и ја заврши кариерата со сооднос 30-9. Беше член на УФЦ од 2006 година.

Во текот на кариерата ги победи и борци како Ден Хендерсон, Кунг Леи, Тале Лејтс, ЦБ Долавеј, Брајан Стан и Јошихиро Акијам.