Легендарниот голфер и еден од најбогатите спортисти во светот, Тајгер Вудс се бори за својот живот откако имал тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес.

Според последните информации од САД, 45 годишниот Вудс бил сам во својот автомобил кога излетал со голема брзина од регионалниот пат.

Пожарникари морале да го сечат автомобилот за да го извадат Вудс кој веднаш потоа бил пренесен во болница.