Тампа беј е новиот шампион во НФЛ Лигата откако во 55 финале во Супербол славеше против Канзас со 31:9.

Со ова беше испишата нова историја во американскиот фудбал но и во светскиот спорт откако Том Брејди стигна до својата седма титула во кариерата.

„Горд сум на овие момци, поминавме многу тешки моменти заедно но на крајот бевме најдобри во правиот момент. “ – изјави легендарниот Брејди и најави дека ќе се обиде и во новата сезона да дојде до уште една титула.