Американскиот ММА борец, Тони Фергусон, се подготвува за мечот против Хабиб Нурмагомедов.

На својот твитер Фергусон постави видео снимка од своите нетрадиционални вежби.

Фергусон е предизвикувач на шампионот на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, а нивниот дуел е закажан на 18 април во Њу Јорк.

И двајцата борци имаат по 28 меча, но Нурмагомедов има 28 победи и 0 порази, додека Фергусон има 25 победи и 3 порази во ММА.