Незапаметена тепачка се случи на натпреварот меѓу екипите на Кливленд и Питсбург во Националната фудбалска лига во САД.

Крајот на натпреварот го одбележа расправија меѓу играчите во која учествуваа Мајлс Герет и Мејсон Рудолф.

Играчот на Кливленд насрна на противникот и успеа да му ја извлече кацигата од глава. Инцидентот кулмираше со неколку удари. Двајцата играчи добија суспензија од НФЛ.