Владата на денешната седница донесе промени во протоколот за организирање на натпревари, дозволи  зголемување на капацитетот на посетители.

На натпреварите сега ќе може капацитет да биде исполнет со 50%, досега важеше протокол за 30% од вкупниот капацитет.

 

„На предлог на Комисијата за заразни болести Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор (театри, кина, филхармонија и други) со кои наместо досегашниот дозволен процент на исполнетост на салите за организирање настан во овие простори до 30%, се зголемува со присуство на публика до 50% од капацитетот на салата“, се вели во сооптението.

Посетителите ќе мора да бидат вакцинирани со две дози од достапните вакцини.