Владата на Република Македонија, на денешната седница донесе низа одлуки поврзани со одржување на јавни настани.

Според одлуката на Владата која денеска ги разгледа и прифати општите препораки за организирање на настани  кои беа предложени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Ова значи, задолжително носењето на лична заштитна опрема на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, одржување на физичка дистанца на публиката на настанот со обележани места за седење, поставени на дистанца од 1,5-2 метри и не е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката, но не важело за спортските настани.

„Спортските настани сè уште ќе бидат  без присуство на  публика и на отворено и на затворено. Протоколот за јавни настани не ги опфаќа спортските настани“ појаснуваат од македонската влада.

Македонската влада донесе одлука за ограничен број на посетителина јавни настани, според следниве препораки.

„Според препораките, ограничен е капацитетот на посетители и тоа: настаните на отворено да се организираат со 50 проценти од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители, а настаните на затворено да се организираат со 30 проценти од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители. Задолжителна дезинфекција на раце на влез  на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација за целото времетраење на настанот, како и засилени санитарно-хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 проценти натриум хипохлорит (5 проценти белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот  или 70 проценти алкохол за дезинфекција за горните површини“ – стои во одлуката на Владата.

 

За враќање на навивачите на спортските борилишта дополнително ќе се одлучува.