На препорака на Олимпискиот комитет на Италија (CONI), Владата на оваа земја со декрет ќе забрани одржување на спортски натпревари до 3 април.

Коронавирусот ја покоси Италија, создаде хаос во календарот на сите спортови, особено на фудбалот. Владата на Италија утре ќе донесе декрет со забрана на сите спортски активности.

Министерот за спорт, Винченцо Спадафора на состанок со првиот човек на Олимпискиот комитет на Италија договриле стопирање на сите спортски настани во земјата поради алармантната ситуација со Коронавирусот.