Пред неколку дена УФЦ официјално ја објави борбата меѓу Макс Холовеј и Александар Волкановски кој е со македонски корени. Ова ќе биде меча за титулата во перо категорија, а истата ќе се одрижи во декември во Лас Вегас.  Во моментов, двајцата се најдобри во категоријата и доаѓаат по големи победи, што е предуслов за здрава и интересна битка.

Волкановски е во серија од 17 последователни победи и неговата ММА статистика е 20 победи и само 1 пораз. Тој не загубил во последните 6 години и во последната борба во мај успеа да го победи со одлука на судиите легендарниот бразилец Жозе Алдо. Александар е уверен дека ќе може да го симне од тронот Макс Холовеј и дека ќе му даде задолжителен реванш.

„Ќе му покажам на светот дека сум најдобар во перо категорија. Јас сум најдобриот борец во оваа категорија и во декември ќе го покажам тоа. Луѓето можат да зборуваат што сакаат. Холовеј беше добар шампион. Знам дека ќе го победам и потоа ќе му дадам реванш“- изјави Волкановски кој живее и настапува под заставата на Австралија.