Петнаесеткратниот голем шампион во голф, Тајгер Вудс доживеа сообраќајна несреќа кон средината на февруари, а сега е позната причината.

Шерифот во округот Лос Анџелес, Алек Виланова треба да објави во среда дека сообраќајната несреќа на голферот Тајгер Вудс е предизвикана од прекумерна брзина, но и дека голферот нема да се соочи со никакви обвинувања, се наведува во извештајот.

Добро упатени извори за ТМЗ, кој прв ја пријавил несреќата, изјавиле дека Вудс ја изгубил контролата врз џипот „Genesis GV80“ од 2021 година поради големата брзина.

Шерифот Виланова ќе ја наведе брзината како единствена причина за несреќата, се наведува во соопштението, во кое исто така се вели дека му било кажано дека Вудс всушност забрзал во времето кога изгубил контрола над возилото.

– Причината е утврдена, истрагата е заклучена. Тaa беше завршенa, потпишанa, запечатенa и предаденa, рече Виланова на 31 март, но тие не сакаа да ги откријат сите детали за причината за несреќата.

Во сообраќајна несреќа, Вудс беше сериозно повреден откако теренецот удри во земја, премина две спротивни ленти и откорна дрво додека паѓаше во долината.

По несреќата, хирургот Аниш Махајан Макоји кој го  оперирал голферот истакна дека тој  претрпел отворени фрактури на двете долни коски – тибија и фибула, поради што ситуацијата воопшто не била едноставна .

Покрај тоа, Тајгер Вудс имаше дополнителни повреди на коските на стапалата и глуждовите кои беа стабилизирани со завртки и игли, а Американецот мора да биде среќен што немаше дополнителни повреди или уште полошо, судејќи според фотографиите од несреќата.