Македонија е домаќин на над 100 млади пинпонгари. Светската јуниорска и кадетска серија од челенџ купот во „Вип Арената А1“ во СЦ „Борис Трајковски“ и официјално почна со првите натпревари.

Турнирот започна со говор на претседателот на ИТТФ, Томас Вајкерт ко је гостина на Пинпонгарската федерација деновиве во Скопје.

Инаку натпреварувањето започна вчера а денеска на програмата се финалните натпревари во екипна конкуренција.

Од утре до сабота ќе се играат мечевите во поединечна конкуренција и во двојки.