Владата денеска го утврди и го донесе Протоколот за работа на базените за пливачките клубови во Македонија, кој утврдува дека базените се отвораат само за членови на пливачките клубови, а не и за рекреативно пливање.

Базените се отвараат,Националната пливачка федерација заедно со одговорните лица ќе ги изготват сатниците за термини со што сите пливачи и клубови ќе добијат точна станица за тренинг. Останува и понатаму да бидеме одговорни и да ги почитуваме сите препораки на Комисијата за заразни болести, да носиме заштитни маски,да одржуваме лична хигиена и да одржуваме социјална дистанца“ – напишаа од Националната пливачка федерација на Фејсбук.

Протоколот според кој ќе може да се користат базените ќе биде достапен наскоро и ќе мора целосно да биде применуван, со цел да се спречи било какво ширење на заразата со Ковид-19.