Марко Блажевски демантира за дриблинг  дека нема да настапува повеќе за Македонија, верува во Пливачката федерација и се надева дека нема да има „сопки“ во иднина, ќе продолжи да ги брани боите на Македонија.

Новото раководство е доста реално, се бореше до последен момент да настапам во Кореа,  вели Блажевски и додава:

„Главната пречка зошто не сум во Кореа на Светското првенство е поранешниот претседател на ПФМ, Александар Маленко“ – изјави за дриблинг, Блажевски.

Блажевски демантира дека нема да настапува за Македонија, проблемите со Националната федерација се надминати, новото раководство работи добро.

„По завршувањето на летото планот е да се вратам во нормален тренажен ритам и да се подготвувам за Олимписките игри во Токио, сакам да пливам за Македонија и да бидам првиот спортист кој настапил на три Олимписки игри , но ако тоа не е возможно , ке ги пробам моите шанси на друго место“ – изјави Блажевски.

Блажевски има 26 години, од својата 15 година живее во  Калифорнија, според него „политиката“  и бирократијата му ја ускратија можноста да се натпреварува во на СП во Кореа, продолжува во дресот на Македонија.