Од утре 21.07.2019 до 28.07.2019 почнуваат пливачките трки од Светското првенство во водени спортови во Гванжу, Кореа. Нашата држава ќе ја претставуваат 4 пливачи, Ева Петровска , Миа Крстевска,  Давор Петровски и Филип Деркоски.

Ева Петровска ќе се натпреварува во дисциплините, 800 и 1500м слободно, Миа Крстевска  на 100 и 200м грбно, Давор Петровски 200м делфин и 200м мешано и Филип Деркоски  на 400 и 800м слободно.