Македонскиот маратонски пливач, Евгениј Поп Ацев по трет пат во кариерата се закити со шампионската круна во утрамаратони.

По овој повод Националната пливачка федерација приреди свечен пречек на која му додели посебно признание за афирмација на пливањето и достојно претставување на нашата земја.

„Се надевам дека и понатаму ќе ја претставувам Македонија во исто, дури и подобро светло. Голема благодарност до моето семејство, до клубот, до државата за поддршката која ја имав во овој период и изминатите години. Се надевам дека ќе продолжам така и дека и во иднина ќе ве радувам со добри резултати“ – изјави Евгениј Поп Ацев.

Честитки за постигнатиот успех, Поп Ацев доби и од претседателот на НПФ, Александар Филипчев како и од директорот за Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.