На 55-то издание на легендарната трка Карпи-Наполи,која поради пандемијата со коронавирусот беше организирана со ограничен број на пливачи, италијанската пливачка Аријана Бриди победи во апсолутна конкуренција со нов рекорд на патеката со време од 6:04.26.

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев, кој доби покана како еден од најдобрите светски маратонци и како победник на Капри-Наполи маратонот, го освои 6то место во машка конкуренција со време 6:32.40.

После паузата од 5 месеци ова е одличен резултат на Евгениј кој веќе победи на втората трка од Македонскиот куп во далечинско пливање која се одржа во Охрид на 16.08.2020.

1. Ариана Бриди 6h 04′ 26″ нов рекорд на патека
2. Ана Марсела Куња 6h 04′ 27″
3. Марсел Шоутен 6h 05′ 07 нов рекорд (мажи)
4. Матео Фурлан 6.05. 08.00
5. Алесио Оципинти 6.05.08.02
6. Франческо Гетини 6h 05′ 08″
7. Алан до Кармо 6h 06′ 55″
8. Едуардо Стокино 6h 31.06
9. Евгениј Поп Ацев 6h 32″ 40:
10. Каролин Жуисе 6h 33′ 45