Евгениј Поп Ацев од пливачкиот клуб „Вардар 2018“  го освои првото место на шестиот „Велешки пливачки маратон“ на 10 километри кој се одржа на езерото „Младост“.

Поп Ацев целта ја мина за 2:10:26, а ова за него беше четврто учество на овој маратон, кој смета дека во иднина треба да влезе под капата на „Фина“ Светската серија за маратони. Второто место го освои Александар Илиевски од пливачкиот клуб „Нептун“ од Скопје.

На трката од пет километри во машка конкуренција прв на целта стигна Андреј Стојановски, втор заврши Божидар Мирчевски и трет Петар Краљевски.

Јана Костадиновска триумфираше на пет километри во женска конкуренција, втора беше Калина Стојчевска, додека третото место и припадна на Илина Јордановска.