Македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев настапи на денешната трка на 10км од Светското првенство во водени спортови кое се одржува во Кореа , тој го освои 51 место во конкуренција на 74 пливачи.
Поп Ацев трката ја заврши со време 1:52:43 и имаше заостанување зад победникот 4 минути, 47 секунди и 10 стотинки.
Победник на трката е пливачот од Германија,Флоријан Велброк (1:47:55.90), втор е Марк Антоан Оливие од Франција (1:47:56.10) на третото место заврши Роб Мафелс од Германија (1:47:57.40).
Be the first to write a comment.