Единствениот македонски претставник на Светското првенство за глуви кои деновиве се одржува во Сао Пауло, Андреј Стојаноски успешно ги мина квалификациите во дисциплината 200 метри мешано.

Андреј беше со резултат од 02:17:65 минути избори шесто најдобро време во трите квалификациски групи и со ова е меѓу осумте натпреварувачи кои вечерва од 21:30 ќе се борат за медал на СП.

Со денешниот резултат Стојаноски се избори за четврто финале на планетарниот собир во Бразил

Предходно Стојаноски ги освои 7 место на 400 метри мешано,  8 место на 200 метри слободно и 10 место на 800 метри слободно.