Мајкл Фелпс, кој во историјата ке остане запаметен како најдобриот пливач на сите времиња, неодамна стана по трет пат татко, а за CNN потсети на својот став кон допингот.

„Никогаш не се натпреварував во амбиент каде се е чисто околу мене. Тоа мора еднаш засекогаш да се промени. Ако сте биле еднаш позитивен на допинг тест, по мене не треба никогаш повеќе да се натпреварватеш“- категоричен е Фелпс.

Името на големиот шампион никогаш не било вмешано во медиумите поради вакви работи, единствено ако се земе во најмала раката сомнителната победа над Милорад Чавиќ на Олимписките игри во Пекинг.