На Светско Првенство во водени спортови во  Гвангжу, Ј. Кореја денеска настапи нашиот маратонец Евгениј Поп Ацев.

Во дисциплината 25км (мажи) која беше на денешната програма го завзема 13-то место во конкуренција од 21 учесник со време 4:54:39.90.

Трката се одвиваше под лоши временски услови во Гванжу.