Македонскиот куп во далечинско пливање ќе се одржи 6-та година по ред, а оваа година за прв пат ќе има трки кои ќе се одржуваат на Охридското езеро.

Првиот Македонски Куп во далечинско пливање се одржа во 2013 година на Дојранското езеро,од тогаш купот се организираше на неколку езера и акумулации во Македонија

Од Пливачката федерација информираат дека на купот ќе бидат застапени 3 категории на пливачи кои ќе се натпреваруваат во соодветните дисциплини освен на Илинденскиот Куп каде сите 3 категории ќе ја пливаат традиционалната делница од 2,5 Км.

Поделбата на бодовите ќе биде според таблицата на ФИНА за трки на отворени води и истата ќе важи за сите категории.