Младиот македонски пливач, Марко Пејчиновски најави нов подвиг на 28 август на христијанскиот православен празник, Голема Богородица. Охридската ѕвезда одлучи да плива рута: Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид. Овој подвиг го посветува на лицата со ретки болести.

„Здраво, Конечно, сакам и јас нешто да објавам на мојата фан страна. После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, ОФИЦИЈАЛНО ви кажвам дека на празникот ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, јас ке пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид. Се глеаме на целта. Господ да ни поможит, мене и на сите!. П.С. Поздрав од мама, ве чекат на нервно, да ја посетите со сок и чоколада, без гаранција дека ќе ве препознајт.“ – напиша Марко Пејчиновски на официјално Фејсбук профил.

 

Пејчиновски има 13 години а минатата година успеа за девет часа да го преплива Охридското езеро. Младиот пливач боледува од ретка болест на долните екстремитети.

Најавата за нов подвиг не само што заслужува поддршка туку и громогласен аплауз од сите кои во живо ќе го следат храбриот Марко.