Охрид на почетокот од септември месец следната година ќе биде домаќин на КОМЕН Медитерански куп кој ќе се одржи во водите на Охридското езеро.

Медитеранскиот куп на отворени води дополнително ќе ја збогати пливачката агенда за следната година во градот Охрид. Медитеранскиот куп ќе биде во две возрасни категории и тоа во едната ќе пливааат учесници 2004/05 годиште на 5 километри, додека во втората ќе се натпреваруваат пливачи родени 2003/04 на 7.5 километри. Дополнително ќе има и штафетно натпреварување кои исто така привлекува големо вниамение.

Веројатно, КОМЕН Медитерански куп на отворени води ќе ја спушти завеста во пливачката сезона која ќе започне на средината од месец јули со организација на 10 километарски трки.