Македонското пливање има со што да се гордее, вака може да се опише настапот на нашите млади пливачи на „Дубочица Опен 2020“ во Лесковац, Србија.

Миа Крстевски од ПВК Орион постави нов апсолутен државен рекорд во дисциплината 200 метри грбно, таа патеката ја мина за 2:18,02 што е најдобро време во историјата на македонкото пливање.

Миа Блажевска – Еминова на 100 метри слободно оствари најдобар резултат во младинска конкуренција со време 58:61 секунда.

Успешен настап имаше и младиот пливач на ПК Вардар, Дамјан Станковски кој беше прогласен за најдобар пливач во категоријата на натпреварувачки до девет години и помлади.