Трикратниот кинески олимписки шампион Сун Јанг заработи суспензија од осум години поради тоа што допинг тестот, поради кој падна во 2018 година „магично“ исчезна.

28-годишникот првично беше ослободен од  од страна на Фина, пливачката федерација, во јануари 2019 година, но по жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) до Судот за арбитража за спорт, оваа одлука е променета.

Оваа казна за Сун Јанг е една од најголемите во историјата, а причина за тоа е тоа што за Кинезот ова беше втор ваков прекршок. Тој отслужи тримесечна суспензија во 2014 година, откако во неговата крв беше пронајден стимулансот по  Триметазидин.

Сон за кинеската новинска агенција Ксинхуа изјави дека ќе поднесе  жалба поради оваа одлука.

 “Ова е неправедно. Јас цврсто верувам во мојата невиност”-изјави Сун.