Следејќи ги препораките на Министерството за здравство за ограничување и одложување на сите масовни собири, Националната пливачка федерација преку соопштение донесе одлука да го одложат престојниот пливачки митиниг „Нептун Куп“.

„Меѓународниот пливачки митинг “Нептун Куп” во организација на ПК Нептун и Меѓународниот пливачки митинг “Гранд при Македонија” во организација на Националната пливачка федерација да се одложат на неопределено време. Новите дати за организација на истите ќе зависат пред се од состојбите во Државата и од веќе утврдениот календар на натпревари. За сите промени ќе бидете навремено известени. Ви благодариме на разбирањето“-се вели во соопштението.