Македонскиот маратонски пливач, Евгениј Поп Ацев заврши на десетото место на шестата трка од светската серија на маратони од 10 километри во организација на ФИНА/ЦНСГ.

Поп Ацев делницата ја мина за 2:06:58:50 што беше за 12 секунди послабо достигнување во однос на победникот Кристоф Расовски од Унгарија.

Во женска конкуренција на маратонот на 10 километри победи Италијанката Рашеле Бруни.