Андреј Стојаноски го освои 5. место на 200.метри мешано на Мундијалот за глуви во Бразил, ова е трет и најдобар пласман на нашиот пливач во финалето на шампионатот.

Стојаноски е единствениот наш претставник на овој пливачки Мундијал, постигна извонредни резултати на првенството.

Предходно Стојаноски ги освои 7 место на 400 метри мешано,  8 место на 200 метри слободно и 10 место на 800 метри слободно.