Македонскиот претставник на Светското пливачко првенство за глуви во Бразил, Андреј Стојаноски имаше одличен настап во 3 група од квалификациите за пласман во финалната трка на 200 метри слободно.

Стојаноски во квалификациите исплива со време од 1:59:95, освојувајќи го првото место и со ова си обезбеди учество во битката за медали во оваа дисциплина. Финалето е закажано за вечерва од 21:30 часот.

Стојаноски денеска на СП во Бразил ќе настапи и во квалификациите за 400 метри мешано. Стојаноски е единствен преставник на Македонија на овој планетарен собир.