Националната пливачка федерација за утре го закажа одржувањето на VII “ВЕЛЕШКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН” кој веќе традиционално е дел од Македонскиот куп во далечинско пливање и негово финале.

Пливањето е по претходно обележана патека и изнесува 800 метри. Натпреварот ќе биде организиран согласно објавените протоколи за почитување на препорачаните мерки за заштита и превенција од Ковид-19. Протоколот ќе биде доставен до сите пливачи.

Натпреварите се одвиваат во три категории 800 метри, 1600 метри и 2500 метри во машка и женска конкуренција. Учесници на натпреварувањето можат да бидат сите пливачи кои се организирани во клубови или надвор од нив.

„Упатуваме апел до сите оние кои што се заинтересирани, било рекреативци или професионални пливачи да се пријават за учество на 7-от “Велешки пливачки маратон” и да бидат дел од оваа спортска манифестација“ – посочуваат од пливачката федерација.

Пријавувањето за аматерскиот маратон може да се изврши на официјалната ФБ страница на маратонот.
( https://www.facebook.com/veleskiplivackimaraton/ или на veleskimaraton@gmail.com)

Технички организатор на настанот е Здружението за спорт и рекреација “КЛУБ 28” од Велес,Кајак клуб Бабуна,а финансиска и техничка поддршка обезбеди Општина Велес, Националната пливачка федерација и Црвен крст на РМ.