Македонскиот маратонски пливач, Евгениј Поп Ацев го освои 9. место на Европското првенство на делницата од 25 километри, домаќин е Будимпешта, Унгарија.

Ова е извонреден пласман на Евгениј Поп Ацев, тој е во ТОП 10 во Европа, во конкуренција на 15 пливачи, стигна до деветата позиција со време 4:37.34.

Победник и златен медал освои Аксел Рејмонд од Франција со време 4:35.59 пред Матео Фурлан од Италија и Кирил Абросимов од Русија.