Австралискиот пливач Метју Вилсон го израмни светскиот рекорд на 200 метри градно на Светското првенство во пливање во Гвангжу и сега го дели најдоброто постигнување во оваа пливачка дисциплина со Јапонецот Ипеј Ватанабе.

Милсон во полуфиналето на Светското првенство исплива 2.06.67 минути, што е идентично како времето на Ватанабе.

Финалната трка во оваа дисциплина е предвидена за утре попладне каде според очекувањата можно е подобрување на сегашното време и поставување на нов светски рекорд.