Ема Мекион е втората пливачка која успеала да освои седум медал на едни Олимписки игри.

Австралијката денеска се закити со два злати медали, во штафетата 4×100 метри и на трката на 50 метри слободен стил.

Со ова стигна до седум медали на игрите. Четири златни и три бронзени за да биде и втората во историјата на олимпијадите со седум одличја по Марија Гороховскаја од 1952 година.