Откако успешно ги помина квалификациите, Андреј Стојаноски настапи во четвртата трка во супер напорниот ден за него на Светското првенство во пливање за глуви во Бразил.

Нашиот пливач во финалето на 400 метри мешано го освои 7 место со време од 04:45:80. Златниот медал заврши на градите на Путаро Ибара од Јапонија, втор (сребрен) беше Витали Оботин од Русија а бронзениот медал го освои Конрад Поврозник од Полска.

Стојаноски денеска настапи и во финалето на 200 метри слободно во кое беше осмопласиран.

Андреј Стојаноски на планетарниот собир во Сао Пауло утре ќе земе учество во квалификациите на 800 метри слободно.