Андреј Стојаноски ќе се бори за медал во финалето на 800 метри слободно на Светското првенство за глуви кои деновиве се одржува во Сао Пауло.

Нашиот пливач имаше одлично време во денешните квалификации во 1 група од оваа дисциплина. Тој делницата ја мина со време од 9:19:78 и го освои второто место зад Гаврил Антреас од Кипар.

Стојаноски вчера издржи силно темпо откако учествуваше во две квалификациски и две финални трки.