Македонскиот пливач, Андреј Стојаноски го освои четвртото место во квалификациите во дисциплината 400 метри мешано на Светското првенство за глуви во Бразил.

Стојаноски делницата ја помина со време од 4:55:77 и со ова успеа да обезбеди пласман во финалната трка. Остварувањето на нашиот пливач беше за 22 стотинки послабо од она на третопласираниот Паркин Теренс од Јужна Африка.

Во третата квалификациска група победи Русинот, Оботин Виталиј, пред Роач Марк од Јужна Африка.

Стојаноски денеска оствари одличен резултат во квалификациите на 200 метри слободно откако го освои првото место и вечерва од 21:30 часот ќе плива за медал на Светското првенство во Бразил и во оваа категорија.

Македонскиот претставник на планетарниот собир во Сао Пауло утре ќе настапи во квалификациите на 800 метри слободно.