Богларка Капаш од Унгарија е позитивна на Ковид-19, таа е светска првенка во пливање, на Инстаграм потврди дека е заразена од коронавирусот.

Капаш има 26 години, два пати била на тестирања кои покажале дека е позитивна на Ковид-19.

„Немам сипмтоми но сум позитивна на Ковид-19, морате да знаете дека можете да се чувствувате здраво но да сте заразени и така ќе го ширите вирусот“ – изјави Капаш.

Капаш е светски првак во дисциплината 200 метри пеперутка од 2019 година.