Штафетата на Aвстралија 4×200 метри слободно во женска конкуренција го освои златниот медал на Светското првенство во Гвангжу, со што постави светски рекорд кој сега изнесува 7:41.50 минути.

Ариарне Титмус, Медисон Вилсон, Бриана Тросел и Ема Мекион поставија време кое е за 58 стотинки побрзо од резултатот на кинеската штафета, која цели десет години го држеше најдоброто време во овој спорт.

Американките го освоија сребрениот медал,додека бронзата и припадна на Канада.