Женската репрезентација на Соединетите Американски Држави во ватерполо се нови светски шампионки, откако убедливо ја совладаа Шпанија во финалето во Гвангжу со 11-6 по четвртини (3-1, 2-2, 5-0, 2-3).

Најзаслужни за победата на американскиот ватерполо тим беа Нешул со три и Стивенс со два погодоци, а кај шпанска репрезентација се најефикасна беше Тараго со три гола. Бронзениот медал го освоија ватерполистките на Австралија.

Машкото финале меѓу Шпанија и Италија на програмата е утре претпладне.