Претстојното ЕП во ракомет репрезентациите ќе можат да настапат со само со вакцинирани ракометари или со сертификат за прележан ковид.

ЕХФ денес ја соопшти оваа одлука, ЕП  во јануари ќе се одржи во Словачка и Унгарија, ќе мора сите да бидат вакцинирани.

На ЕП  ќе учествува и македонската репрезентација, ќе играме во Дебрецин.

„ЕХФ одлучи дека само вакцинирани ракометари или тие кои имаат сертификат дека прележале коронавирус, ќе можат да настапат на ЕП 2022. Ќе има и контрола, па така на  секои два дена ќе се прават ПЦР тестови на сите учесници на ЕП, приоритет ни е да имаме безбедно Евро 2022 – изјави генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслајтнер.

Македонија на ЕУРО  е во групата A која ќе се игра во Дебрецин, противници се  Словенија, Црна Гора и Данска.