Како што е познато од претходно од сезоната 2022/2023 дел од Алборг ќе биде и најдобриот ракометар на денешницата, Микел Хансен, а од данскиот тим планираат тука да не застанат и да продолжат со засилувања за напад на титулата во Лигата на шампионите.

Денеска го преставија исландскиот интернационалец Арон Палмарсон кој од јуни и официјално ќе биде нивни член.Палмарсон моментно е под договор со Барселона, но истиот истекува на крајот од оваа сезона.

 

Палмарсон потпиша три годишен договор со кој се обврза на верност на Алборг до 2024 година.