Ракометарите на Еурофарм Работник утре ги очекуа барем на хартија најтешкиот натпревар сезонава против унгарскиот гигант Веспрем. Еурофарм зад себе има два минимални порази во лигата на шампиони кои мора да останат позади нив и да се фокусираат на мечот со Веспре во СЕХА лигата.

„Гостувањето на Веспрем во Битола е празник на ракометот. Европскиот вицешампион преполн со звезди доаѓа во нашиот град, тоа ќе биде посебен настан и со право очекуваме полни трибини. Со оглед на буџетите Веспрем е пред нас, ако се играше само по име Унгарците не ни мораа да доаѓаат во Битола. Знаеме дека се посилни, но на терен може да се случи буквално се. Ние ќе дадеме максимум, што е во наша моќ да бидеме достоен репрезент на македонскиот ракомет“, истакна тренерот Стевче Алушовски.

За утрешниот меч Алушовски нема да може да смета само на Никола Марковски кој е повреден.