Стевче Алушовски во одлично светло се претстави пред домашната публика и заедно со својот Вардар стигнаа до убедлива победа над Мотор Запорожје од 38-28.

„Сакам да им честитам на ракометарите. Јас сум бил во Вардар десет години како играч, сега како тренер. Никогаш Вардар не бил во полоша ситуација, меѓутоа она што играчите го направија беше феноменално. Треба на сите до еден да им се честита. Играчите мора да се прогласат за народни херои, за она што го прават за Вардар, за Македонија за сите нас е нешто големо. Горд сум што имам прилика да работам со вакви момци“ –изјави тренерот на „црвено-црните“.

Со оваа победа тимот патува во осминафиналето на Лигата на шампионите, а ривалот ќе биде познат по завршувањето на групната фаза.