Вардар загуби од Киелце со 36-29, реален исход на настаните во Полска, тренерот на Вардар со анализа за поразот број три во Лигата на шампионите.

Во првиот дел игравме доста добро, наш проблем беше  брзата транзиција, тим како Киелце кој во овој момент можеби е најдобриот во светот кога се говори за транзиција, знаеше како да не казни. Во вториот дел се обидовме да ја смениме играта со седум на шест, имавме и проблеми да организираме добар напад додека во одбраната игравме без енергија, ова е реален резултат“, изјави тренерот Алушовски.