Еурофарм Работник по поразот од Савехов во Лигата на шампионите се подготовува за натпреварот во понеделник со Металопластика во Битола, средба од СЕХА лигата.

Алушовски ја превзеде одговорноста за поразите, потребна е поголема концентрација во текот на сите 60 минути.

„Ни следи интересен натпревар, ние како домаќини сме фаворити, но нема да биде лесно. Имаме два-три дена, ќе направиме добра припрема, ќе видиме кои се нивните добри и лоши страни и искрено се надевам дека в понеделник ќе ја извојуваме втората победа во СЕХА лигата“- рече Алушовски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Металопластика се игра во понеделник од 20-45 часот во Битола.