Ракометарите на Еурофарм Работник за разлика од Лигата на шампиони каде ги загубија шансите за прогрес понатаму во СЕХА лигата играат далеку подобро. Следен предизвик на битолчани во ова натрпееварување е Мешков Брест кој утре гостува во „градот на конзулите“.

Тренерот Стевче Алушовски верува дека ракометарите го смениле чипот во главата пред битниот дуел.

Според најавите, ни доаѓа шаренолик состав на Мешков Брест, но и ние имаме свои проблеми. Повредени се Маркоски, Кукоски, Вегар, а на загревањето во Прешов се повреди и Граџан. Ова за нас е меч топка за што подобар пласман и подобра стартна позиција напролет. Се надевам дека сите ракометарите ќе го сфатат натпреварот максимално сериозно и на крајот ќе се радуваме“, изјави Алушовски.

Мечот меѓу Еурофарм Работник и Мешков Брест се игра утре со почеток од 19 часот во салата „Боро Чурлевски“.