Стевче Алушовски искрено им ја честита победата  на играчите на Металопластика кои со еден гол ја совладаа екипата на Еурофарм Рботник во СЕХА конкуренцијата.

Тимот од Шабац славеше со гол разлика, 27-26, Еурофарм Работник повторно загуби меч со гол негатива.

„Секогаш кога играме добро прво полувреме, знаеме дека нè чека тешко второ. Дадовме сè од себе, но не успеавме. Затоа, сега сè што може да направиме е да му честитаме на Металопластика за победата“ -изјави Алушовски.