Стевче Алушовски не е задоволен од резултатот на мечот со Кил, поразот изразен со 11 голови разлика е „слика“ која не ја сака тренерот на Вардар.

Тренерот на Вардар смета дека екипата не одиграла на потребното ниво сите 60 минути.

„Игравме добро 45 минути,  во последните 15-тина се случи катастрофа, одигравме лошо. Кил ги казни сите наши грешки и заслужено победи. Наша цел е да се подобриме во следните натпревари“ – изјави тренерот на Вардар.

Вардар запиша четврти пораз во Лигата на шмпионите во низа, кризата е  голема, резултатска и финансиска.